Неодоливо вкусни залачиња… ЛОСОС! (ФОТО)

Потребно време за приготвување: 25-30 мин.

Почувствувајте го раскошот од вкусови на внимателно избраните состојки, како и автентичниот начин на приготвување на овој специјалитетц што го избравме за вас!

Состојки: 200 г филе свеж лосос, 50 г тиквичка, 50 г модар патлиџан, 80 г морков, 50 г шери-домати, 100 г свежо цвекло, лук, сол и црн пипер.

Приготвување:

1 Парчето лосос го зачинуваме со сол и со црн пипер и го оставаме да отстои. Го миеме зеленчукот и го сечкаме на ситни коцки.

2 Во загреано маслиново масло, прво го пропржуваме морковот, па цвеклото, ги додаваме и тиквичките, како и модриот патлиџан, а на крајот и шери-доматите.

3 Кога зеленчукот ќе омекне, додаваме малку сечкан лук, зачинуваме со сол и со црн пипер и тавата ја тргаме од оган.

4 Парчето лосос го печеме од сите страни на грил-тава или на плотна, внимавајќи да не загори.

5 Го делиме на 4 дела, а, по желба, може да ја сервираме и целата филета.

6 Во чинијата го додаваме испржениот зеленчук и украсуваме по желба.

Добар апетит!

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.