Во сезона: Ризото со тиквички кое ќе ве остави без зборови!

Ќе уживате!

Ако сте љубители на оризот, кремастото ризото со тиквички ќе стане едно од вашите омилени јадења

Со уживање ќе го приготвувате ова ризото секогаш кога ќе посакате нешто брзо, а многу вкусно за јадење.

Состојки:
  • 2 шолји ориз
  • 250 грама рендани тиквички
  • 1/2 главица кромид (исечкана)
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1/4 чаша бело вино
  • растворена коцка за супа во половина литар вода
  • 4 лажици пармезан
  • 2 лажици путер
  • 1,5 лажица босилек
  • прстофат сол и бибер
Приготвување:

Изрендајте ги тиквичките и исцедете ги од вишокот вода. Во тавче загрејте две лажици маслиново масло. Ставете ги тиквичките во тавчето, посолете ги и поклопете ги. Динстајте ги околу 5 минути.

Во лонец ставете ги другите две лажици масло, загрејте и динстајте го ситно сечканиот кромид, по 2 минути додајте го оризот и сето тоа заедно динстајте го уште 2 минути, потоа додајте вино и загревајте додека потполно не испари.

Во половина литар вода растворете коцка за супа, прелејте ја врз оризот и гответе околу 20 минути. Потоа додајте путер, босилек и пармеза и сето тоа убаво измешајте го. Додајте ги тиквичките и зачинете по желба.

Добар апетит!

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.