Во ова е тајната на совршената скара: Маринада што ќе го претвори вашето месо во совршенство од вкусови!

Неодоливо сочно месо

Месото ќе добие совршена арома и ќе стане меко и сочно

Пригответе ја највкусната маринада за скара.

Состојки:
  • 100 мл сончогледово масло
  • 100 мл маслиново масло
  • 100 мл јаболков оцет
  • 2 лажички сол
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажиче бибер
  • 1/2 лажиче мелена црвена пиперка
  • 1 кромид
Приготвување:

Ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Сите состојки добро измешајте ги. Потопете ги парчињата месо во маринадата и наредете ги во сад, прелејте ги со преостанатата маринада и поклопете ги. Оставете ги на ладно неколку часа, најдобро прекуноќ.

Пред да го печете месото, извадете го од маринадата, исцедете го и отстранете ги од него парчињата кромид. Печете го прво од едната страна, па потоа од другата додека биде добро потпечено.

Добар апетит!

Подготовка на скара: Испробајте го овој одличен трик со коцка мраз!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време