Пробајте зеленчуково поке – традиционално хавајско јадење

Вкусот на Хаваи

Рецепт од традиционалната хавајска кујна

Гастро-мајсторот Иван Димески не престанува да истражува во кујната, фокусирајќи се на модерна и здрава исхрана. Поарајте ги неговите експерименти на инстаграм-профилот @medogotvi, но прво, пробајте го неговото зеленчуково поке – хавајско традиционално јадење.

Состојки:

За основата

  • 1 чаша ориз (или тарана, булгур, кускус, киноа)
  • 1 мандарина (или грејпфрут, портокал)
  • 1 лажица јаболков оцет

Процесиран зеленчук

  • 1 рака шампињони (или тофу)
  • 1 рака прокељ (или зелка)
  • 1 морков или друг зеленчук по желба
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 лажица сусам
  • 1 лажиче соја-сос
  • 1 лажиче сусамово масло по желба

Свеж зеленчук

  • 1 краставица
  • 1 пиперка
  • 1 јаболко
  • 1 авокадо
  • 1 млад кромид

Друго

  • 1 лимета
  • прелив (балзамико или лут сос)
  • зачини по желба
Приготвување:

1. Сите потребни состојки…

2. Го сечкаме зеленчукот и го ставаме оризот да се вари

3. Процесираниот зеленчук го пржиме со сусам, сусамово масло и соја

4. Зеленчуковото поке е подготвено за сервирање!

Добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.