Вкусно и здраво: Вегански бургер (РЕЦЕПТ)

И веганите можат да уживаат во вкусна скара!

Ако сте веган и ве привлекува мирисот на храна на скара, не очајувајте!

Сè уште можете да уживате во „вкусот на чадот“, но и да ги следите правилата за веганска исхрана. Ви претставуваме вегански бургер – вкусен, мек, сочен и „зачаден“!

Вегански бургери

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2/3 чаша сечкан власец
  • 450 гр печурки (по вкус)
  • 2 лажици тамари-сос
  • 1/4 чаша оцет балсамико
  • 1/2 лажица јаворов сируп
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 лажица сушена пиперка
  • 1/2 чаша ореви
  • 2 лажици сирача сос
  • 1/4 чаша ленено семе
  • 2 чаши кафеав ориз (претходно зготвен)
  • 1 чаша трошки од леб
  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Загрејте го маслиновото масло на средна тоемпература. Додајте власец и динстајте една минута, додека омекне. Потоа, додајте ги печурките и солта во пиперките и оставете ги да се готват додека печурките поруменат.

Помешајте сос од тамари и јаворов сируп, како и оцет. Потоа додајте сечкан лук, пушена пиперка и сирача-сос. Тргнете го од оган и оставете да се излади.

Измешајте ги печурките, оревите, лененото семе и интегралниот ориз во блендер.

Префрлете се’ во поголем сад и мешајте додека добиете густа смеса. Доколку е потребно, додајте повеќе маслиново масло. Направете бургери од оваа смеса.

Загрејте ја скарата и печете ги плескавиците од секоја страна 2-3 минути.

Послужете со лепче и салата по вкус.

Прочитајте и: Пикантна супа од наут за едноставен ручек

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.