Вкусен топол оброк: Супа од овесни снегулки

Одличен рецепт на Теа Трповска!

Овесните снегулки нудат многу придобивки, па затоа оваа супа е идеална за сите што сакаат да ја одржуваат линијата, да го намалат холестеролот или да го регулираат нивото на шеќер во крвта

Теа Трповска, позната и како ЛУКава девојка (Garlicky Girl), е една од нашите гастро-мајстори и ни подготви вкусен и здрав рецепт што треба да стане задолжителен дел од вашата трпеза: супа од овесни снегулки. Повеќе нејзини рецепти побарајте на нејзиниот инстаграм-профил @teatrpovska.

Состојки:
  • 1/2 шолја овесни снегулки
  • 1 главица кромид, ситно исечкана
  • 3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 3 мали моркови, изрендани
  • сол
  • бибер
  • сончогледово масло
  • маслиново масло
Приготвување:

1. Пржете ги снегулките на маслиново масло додека не поруменат, па ставете ги во посебен сад. Испржете ги кромидот, лукот и морковот додека омекнат, па додајте ги и овесните снегулки.

2. Зачинете со сол и бибер и сипете еден литар вода.

3. Оставете ја супата да се вари 20 минути и украсете ја по желба.

Уживајте во вашиот вкусен оброк!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.