ВИЕНСКА ШНИЦЛА ШТО СЕКОГАШ УСПЕВА: Тајната на совршено крцкавата коричка и сочното месо!

Овој класик на австриската кујна не бара многу состојки, но неколку важни чекори одлучуваат дали на чинијата ќе добиете совршено крцкава шницла или разочарување.

За вистинска виенска шницла потребни се: неколку едноставни состојки – телешки шницли, брашно, јајца, лебни ронки, сол и масло или маст за пржење.

Месото најпрво треба да се истенчи така што да биде приближно со еднаква дебелина, но без претерано удирање, за да не ја изгуби својата структура. Шницлата посолете ја непосредно пред панирањето, бидејќи токму едноставноста на овој рецепт овозможува квалитетот на месото да дојде до израз.

Првиот чекор е класичното панирање. Подготвената шницла извалкајте ја во брашно и истресете го вишокот, потоа провлечете ја низ разматените јајца, а на крајот низ плебните ронки, кои не треба силно да се притискаат врз месото – целта е да останат растресити. Токму така при пржењето се создава онаа карактеристична, воздушеста и нерамна коричка по која е позната виенската шницла.

За пржењето е важна доволна количина добро загреана маснотија. Шницлата практично треба да плива во неа, за рамномерно да се испржи и да добие златна боја.

Кога ќе ја ставите во врелата маснотија, температурата треба да биде доволно висока за панирањето брзо да се запече, но не и толку висока што презлата ќе изгори пред месото термички да се обработи. Шницлата пржете ја кратко од двете страни, зависно од дебелината, додека не добие препознатлива златножолта боја.

Еден мал трик прави голема разлика: додека се пржи, шницлата можете внимателно да ја прелевате со врело масло со лажица. Тоа помага коричката рамномерно да се надува и да стане особено крцкава.

Кога ќе биде готова, извадете ја врз хартиена салфета за да се отстрани вишокот маснотија. Немојте долго да ја оставате покриена, бидејќи пареата ќе ја омекне токму крцкавата коричка поради која виенската шницла е толку омилена.

Традиционално, виенската шницла се служи со парче лимон, а како прилог одлично одговараат компир-салата, варен или печен компир, како и едноставна зелена салата.

Иако рецептот изгледа речиси премногу едноставно, неговата привлечност е токму во тоа: добро истенчено месо, правилно панирање и соодветна температура на пржење се доволни од неколку основни состојки да се создаде еден од најпознатите европски класици.

Крцкава однадвор, сочна однатре и миризлива штом ќе стигне на масата – токму таква треба да биде вистинската виенска шницла.

Фото: Pixabay

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе