Вегетаријански оброк: Лазањи со кашкавал и спанаќ

Лазањи на поинаков начин!

Ако сте љубител на италијанските специјалитети, ви предлагаме лазањите да ги приготвите на малку поимагинативен начин

Доколку сакате да одморите од месото, овие вегетаријански лазањи се вистинскиот избор за вас. Со долунаведените состојки ќе добиете количина доволна за 4 лица, а ќе ви треба околу еден час за да ги приготвите.

Состојки:
  • 500 г урда
  • 100 г млад спанаќ
  • 1 китка магдонос
  • 1 главица кромид
  • 1 помал морков
  • 400 мл доматен сок
  • 300 г тесто за лазањи
  • 200 г моцарела
  • црн пипер
  • босилек
  • сол
  • масло
Приготвување:
  • На малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид, а потоа додајте го ренданиот морков, па сето тоа заедно кратко пропржете го.
  • Сипете го доматниот сок, додајте го босилекот и зачини по желба и варете на средна температура, додека ја добиете посакуваната густина на сосот.
  • Посебно помешајте ги урдата, пармезанот, исечканиот спанаќ и магдоносот.
  • Во огноотпорен сад ставете малку од сосот од домати, па преку него наредете листови тесто за лазањи. Прекријте ги со малку од филот од пармезан и урда и ставете неколку крукчиња моцарела. Повторувајте ја постапката на филување по истиот редослед додека го потрошите материјалот. Завршете со тесто за лазањи, прелејте со сосот од домати и одозгора наредете моцарела.
  • Печете во рерна загреана на 200 степени Целзиусови околу 40 минути.

Совет: Ако немате тесто за лазањи, заменете го со палачинки.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.