Ве носиме во Италија: Овие њоки во сос од домати ќе ги разбудат сите ваши сетила!

Пробајте!

Кој може да и’ одолее на италијанската кујна? Овие њоки се вистински деликатес!

Состојки:
  • 1 кг готови њоки
  • 1 страк праз
  • 200 г шампињони
  • 500 г лупени домати
  • 150 г кашкавал гауда
  • оригано
  • 1 лажиче шеќер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Празот се чисти и се сечка на коцки, шампињоните се сечкаат на листови.

2. Во тенџере на малку масло се пржи празот, а потоа се додаваат шампињоните и се пржат додека изврие вишокот течност.

3. Се додаваат сечканите лупени домати, се посипува со оригано и со шеќер, па се посолува по вкус. Се вари на умерена температура, десетина минути откако ќе зоврие.

4. Во тенџерето се додава доста вода, се ставаат неколку капки масло и се вари додека зоврие. Се ставаат њоките и се вари уште 1-2 минути откако ќе испливаат на површината.

5. Потоа њоките се цедат и се ставаат во приготвениот сос од домати. Полека се промешува, за да се распоредат рамномерно состојките.

6. Смесата со њоките се префрла во огноотпорен сад и се посипува со коцки кашкавал. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, дваесетина минути.

Извор: Добра храна

3 едноставни италијански јадења: Се приготвуваат за точно 10 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.