Ципура на жар

За љубителите на риба

За приготвување ви се потребни 15 минути, а за печење на рибите околу 20 минути.

СОСТОЈКИ:

4 парчиња ципура, тешки по 400-500 г

2 лимони

80 мл маслиново мало

1 лажица морска сол


ПРИГОТВУВАЊЕ:

Рибата се чисти од внатрешноста и убаво се мие.

Во внатрешноста се посолува крупна морска сол.

Во секоја риба се цеди по половина лимон и се затвора.

Рибите се редат во плех и се попрскуваат со маслиново масло.

Се оставаат да стојат во фрижидер околу 6-10 часа.

Се распалува скарата со ќумур, огнот треба да биде умерен.

 

Се ставаат рибите на решетка за риби и се печат од двете страни по 10 минути.

При печењето, се прелеваат со течноста што е во плехот.

Рибата во внатрешноста треба да остане сочна и лесно да се отстранува месото од коските.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.