Целиот свет полуде по турските палачинки: Можете да ги печете на скара за 1 мај – вкусот е фантазија

Рецепт за турски палачинки

Турското ѓозлеме е крцкаво тесто со богат фил, кое можете да приготвите брзо и лесно и во домашна варијанта

Состојки:

За палачинките:

  • 375 г мазно брашно
  • 85 мл маслиново масло
  • 185 мл вода
  • половина лажиче сол

За филот:

  • 300 г свеж спанаќ или блитва
  • 2 чешниња лук
  • 2 јајца
  • малку бибер, сол
  • 300 г фета-сирење

Приготвување:
  • Во подлабок сад измешајте брашно, маслиново масло, вода и сол и замесете мазно, меко тесто што не се лепи.
  • Оставете го тестото да одмори 20 минути.
  • Набрашнете ја работната површина.
  • Поделете го тестото на 4 еднакви дела.
  • Секој дел расучете го во правоаголник.
  • Во чинија измешајте згмечени спанаќ, лук, јајца, сирење, сол и бибер.
  • Филувајте го расученото тесто, преклопете го, па печете го во тавче на средна температура, на една до две лажички масло.
  • Пржете го ѓозлемето 3 минути од едната и 3 минути од другата страна, додека добие убава, кафена боја.
  • Повторете ја постапката со преостанатото тесто.
  • Ѓозлемето можете да го пржите и на скара.

ФОТО: Freepik

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе