Тортилји со колбаси и со црвен грав

Вкусно и лесно

Замесете домашни тортилји и уживајте во прекрасниот вкус на овој вкусен, летен ручек!

СОСТОЈКИ:

За тортилји:

вода

брашно

сол

За фил:

1 парче колбас

300 г јунешко мелено месо

1 главица кромид

1 чешне лук

1 црвена пиперка сечкана на коцки

1 лута пиперка сечкана на кцки

1 лажица пире од домати

1 конзерва пелат-домат

1 конзерва црвен грав

мешан зачин

сол

црн пипер

За прелив:

1 кисела павлака

1 китка магдонос

1 лимон (сокот)

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Тортилји: се замесува тесто од брашното, солта и водата, па се расукуваат мали тортилји и се потпекуваат со многу малку масло.

Фил: колабасот се сечка на парчиња, па се пржи со крупно исечканиот кромид и со исечканото чешне лук.

Се додава меленото месо, а по некоја минута и пиперките, претходно исечкани на коцкички. Се пржат заедно.

Се додава доматното пире и малку вода, па се остава да врие десетина минути додека омекне месото.

На крај се додава и црвениот грав, мешан зачин, сол и црн пипер.

Се става од филот на секоја тортилја, а одозгора се додава ситно сечкана зелена салата, малку кисела павлака и сок од лимон.

Текст: Вера Георгиевска од Скопје за „Испрати рецепт“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.