Топло пикантно вариво што ќе ве засити: Пробајте густа кисела супа за ручек!

Нешто на лажица

Заменете го обилниот ручек со вкусна супа полна со витамини

Состојки:
  • 2 средни главици црвен кромид
  • 250 г мисиркини карабатаци без коски (или пилешко бело месо)
  • 2 помали моркови
  • 1 среден пашканат
  • неколку цвета брокула
  • 50 г грашок
  • 2 помали домати
  • 1 јајце
  • 1 лажица густин
  • 100 мл павлака за готвење
  • пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Црвениот кромид исчистете го и исечкајте го на коцки, морковот и пашканатот излупете ги и сомелете ги во електричен сечко.

2. Брокулата раздвојте ја на помали цветови, мисиркиниот карабатак и доматот исечкајте ги на коцки.

3. На малку масло пропржете го црвениот кромид, а потоа додајте го мисиркиното месо и пржете го, мешајќи без прекин, додека месото ја промени бојата.

4. Додајте ги морковот и пашканатот, па сето тоа заедно кратко пропржете го. Потоа, динстајте долевајќи по малку вода, додека состојките омекнат половично.

5. Додајте ги грашокот, цветовите од брокула и доматите, па промешајте. Долејте вода за состојките да пливаат и гответе ги додека омекнат.

6. Посебно во сад изматете ги јајцето, павлаката за готвење и густинот. Во смесата додајте малку топла супа од готвењето и добро измешајте. Постепено додавајте ја смесата во густата супа, мешајќи без прекин. Продолжете да готвите на умерена температура, додека ја добиете посакуваната густина. Готовата супа посолете ја и запиперете ја по вкус.

Извор: Добра храна

Густа супа од сладок компир за 4 лица
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.