Топчиња од месо со сланина: Совршени залчиња за вистинските гурмани

Не знаете со што да го почестите непцето? Имаме решение!

За овие бомбици потребни ви се состојки што сигурно веќе ги имате во кујна

Дали сте за нешто вкусно, навидум гламурозно, а сепак обично јадење? Месните бомбици со сланина се идеалното решение за вас.

Потребни состојки:
  • 850 грама мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 помала главица кромид, исечкан
  • шолја презла
  • сол и бибер по желба
  • ½ лажиче лук во прав
  • тенко исечкана сланина
  • стапчиња за ражници
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки (освен сланината) и направете топчиња. Потоа, завиткајте ги со сланина и зацврстете ги на стапчиња за ражници. Подгответе ја решетката, наредете ги бомбиците и печете ги на 220 степени. Одберете сос по желба, направете многу салата и уживајте во богатите вкусови.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време