Топ 3 оброк-салати: Вкусни, хранливи, освежителни! Идеални за топлите денови!

Превкусно!

Ви носиме 3 предлога за летен ручек

ЛЕТНА РУСКА САЛАТА

Состојки:
  • 2 поголеми моркова
  • 1 поголемо јаболко
  • 1 кромид
  • 180 г пченка во конзерва
  • 4 варени јајца
  • 2 лажици мајонез
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 лажици шеќер
  • 3-4 лажици оцет
  • 100-150 мл топла вода

Приготвување:

Сварете го морковот, а потоа исечкајте го на коцки. Истото направете го со јаболкото и јајцата. Исечкајте го кромидот, па додајте шеќер, сол, вода и оцет и кратко маринирајте. Додајте и пченка во салатата. Сето тоа убаво соединете го со мајонез.

САЛАТА СО МАКАРОНИ

Состојки:
  • 2 шолји макарони
  • 1/2 краставица
  • 1/2 кромид
  • 1/2 пиперка
  • 1/2 конзерва пченка
  • 1/2 конзерва црвен грав
  • малку маслинки
  • 2 лажички шеќер
  • 1/2 шолја мајонез
  • 1/2 шолја јогурт
  • 1/2 шолја дресинг за салата

Приготвување:

Сварете ги и процедете ги макароните, па додајте сечкана краставица, кромид, пиперка, маслинки, грав и пченка. Посолете и забиберите, па додајте мајонез, јогурт и дресинг за цезар-салата. Повторно промешајте го сето тоа и послужете. Можете и да ја оставите да се олади.

САЛАТА СО ПИЛЕШКО МЕСО

Состојки:
  • 1 пилешко филе
  • 1,5 лимон
  • 1 чешне лук
  • 1 млад кромид
  • магдонос
  • 2 шолји рукола или зелена салата
  • 1 шолја магдонос
  • 4 лажици праз
  • 1 шолја ореви
  • 1 лажица сенф
  • 1 шолја мајонез

Приготвување:

Во тенџере со вода ставете пилешко месо, лимон пресечен на пола (претходно исцедете го), чешне лук и млад кромид пресечен на пола. По желба, додајте магдонос и посолете и забиберите. Гответе го околу 20 минути. Кога ќе зоврие, отстранете ја пената. Кога ќе се свари месото, извадете го, па оставете го да се олади. Исечкајте го на коцки. Додајте сечкана зелена салата и магдонос. По желба, можете да додадете и грозје. Потоа, додајте сечкан праз и ореви. Сипете мајонез и сенф одозгора и зачинете по желба, па добро промешајте.

Салата што брзо ги топи килограмите: Пробајте „жешка-девојка“!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.