Тажин со јагнешко месо

Израелски специјалитет

Израел е пустинска земја, во која се одгледува зеленчук и овошје што ги има и кај нас. Иако растат во песок, вкусот им е фантастичен, бидејќи впиваат многу сонце.

Кај Израелците сите активности прекинуваат од петок попладне до сабота навечер, па тогаш се готват јадења што се вкусни и следниот ден или такви за кои можат да се приготват состојките, а да се соединат и испечат или сварат во сабота. Ви претставуваме еден навистина вкусен рецепт, кој дефинитивно ќе ги освои љубителите на јагнешкото месо.

Тажин

Потребно за 4 лица: 1,5 кг јагнешко месо (сечкано на парчиња), 1 главичка кромид (ситно сечкан), 400 г ориз, сол и црн пипер, 1 кесичка цимет, 1-2 лажички сладок црвен пипер, 1 кесе ѓумбир во прав, ¼ кесичка ким, сечкан лист од магдонос, шафран, неколку ливчиња свежо нане, 2 чешниња лук, 50 г суви кајсии, 50 г суви сливи, 50 г суви смокви, 100 г суво грозје, 1 лажичка мед, сок од портокал, 2 дл вода, 0,5 дл масло

Приготвување: во поголема чинија соединете ги јагнешкото, сол, црн пипер, цимет, шафран, ѓумбир, ким и сладок пипер. Додајте масло, и добро измешајте. Во земјен лонец наредете ред кромид, ред месо, па повторно кромид. Додајте ливчиња свежо нане, лук и магдонос. Налејте 1 дл вода. Варете на умерен оган 2-3 часа додека да омекне месото. Проварете 1 дл вода, сок од портокал, суво грозје, кајсии, смокви, сливи и мед. Оставете сосот да се излади. Сварете го оризот. Во овална тава сервирајте го оризот, потоа јагнешкото и на крај полијте со сосот од суво овошје. Украсете со нане.

Текст: Бранкица Трескавица

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.