Свински врат во сос од рерна: Најсочното месо што некогаш сте го пробале!

Пробајте!

Меко и сочно месо што се приготвува во рерна, за сите жени што немаат многу време, а сакаат нивното семејство да има вкусен оброк

Со ваквото приготвување ќе ви остане многу слободно време што можете да го искористите за да приготвите прилози, салата можеби дури и колач. Одлично оди со ориз, ризото и компири.

Состојки:
  • 6 големи парчиња од вратот (околу 1,2 кг)
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 лажица сушен лист од магдонос
  • 1 лажиче сушен босилек
  • 2 лаврови листа
  • 1 лажица мелена црвена пиперка
  • 500 мл вода + 300 мл
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажиче сол
Приготвување:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Наредете го месото во тепсија, посипете го со сувиот зачин, со листот од магдонос, босилек и лавор. Потоа, сипете 500 мл вода. Ставете го во рерна да се пече еден час.

Во текот на печењето, превртете го неколку пати. По еден час, изматете 300 мл вода, брашно, црвена пиперка и сол. Прелејте ја смесата преку месото, протресете ја тепсијата и вратете го да се пече уште 30 минути.

Пред послужување, протресете ја тепсијата за да се изедначи сосот насекаде.

Послужете го топло.

Добар апетит!

Пилешки стек со кулен: Овој ролат од месо е вистински празник за непцата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.