Супа што ќе ви помогне да ги симнете килограмите: Резултатите се видливи многу брзо

Рецепт

Оваа супа се прави многу едноставно, а состојките се лесно достапни.

Доколку водите борба со килограмите, вклучете ја оваа супа во својата исхрана и таа ќе ви помогне во да го решите тој проблем. Како што наведуваат експертите, резултатите се видливи за само неколку недели.

Многу помага во отстранувањето на салото од стомакот, кое може да биде многу иритантно, а често луѓето и по симнувањето на килограмите, најголема мака имаат со салото на долниот дел од стомакот.

Ако ѝ припаѓате на оваа група, прочитајте како се прави оваа супа и што ви е потребно за неа.

Состојки:

400 г стапчиња целер

½ главица зелка

6 мали главици кромид

3 средни домати

2 слатки зелени пиперки

сол

бибер по вкус

Приготвување:

Исечете го зеленчукот на мали коцки, ставете ги во тенџере, па доставете 3 литри вода. Посолете и ставете бибер. Оставете да се крчка супата на умерена температура додека овој зеленчук се зготви. По желба, супата може да се иситни во блендер и да се јаде како потаж.

Добар апетит!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.