Сте пробале особуко? Традиционално италијанско јадење со фантастичен вкус!

Одлична идеја за ручек

Еднаш кога ќе го пробате ова јадење, секогаш ќе го приготвувате!

Состојки:
  • 1 телешка коленица попречно исечкана на парчиња со дебелина од 3 см
  • 100 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 350 г лупени домати
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 моркова
  • 1 парче корен од целер
  • 1 лажиче пипер
  • 3 чешниња лук
  • 100 мл бело вино
  • 300 мл говедска супа во коцка
  • 2 лаврова листа
  • 1 лажиче сушено оригано
  • 30 мл маслиново масло
  • 30 г путер

За посипување:

  • 1 китка магдонос
  • 1 лимон
  • 2 чешниња лук

Приготвување:

1. Мембраната околу парчињата од месото се засекува на неколку места за да не се деформира во текот на печењето. Потоа резанките се посолуваат, се попаруваат и се валаат во екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“.

2. Во тава се поврзуваат маслиновото масло и путерот, па се загрева додека се растопи путерот. Се спуштаат приготвените парчиња од месо и се пржат додека поруменат. Се вадат од маснотијата и се оставаат на топло.

3. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, па се пржи на маснотијата од месото. Се додаваат морковите исечкани на крукчиња и целерот исечкан на коцки, па сето тоа заедно се пржи. Се ставаат лупените домати, се додаваат лавровиот лист, ориганото, пиперот и зачини по желба. Пред крајот на готвењето се додава пасираниот лук.

4. Се додаваат белото вино и говедската супа, па се вари додека зоврие. Потоа се враќа прженото месо и се вари додека месото почне да се распаѓа.

5. Посебно се приготвува смесата за посипување – се соединуваат ренданата коричка од лимонот, ситно исечканиот магдонос и лукот. Кременадлите се посипуваат со приготвената мешавина и се послужуваат со ризото.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.