Сте пробале бифтеки? Збогатете го менито со ова несекојдневно јадење!

Неодолив деликатес

Пробајте бифтеки – специјалитет од мелено месо

Состојки:
  • 700 г мешано мелено месо
  • 3 јајца
  • 120 г бајат леб
  • 1 помала главица црвен кромид
  • 200 г фета сирење
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • прстофат оригано
  • 1 лажиче пипер
  • бибер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Бајатиот леб се сечка на покрупни коцки, се прелева со вода, а потоа добро се цеди и се дроби.

2. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, лукот се пасира. Фета сирењето се дроби.

3. Во подлабок сад се поврзуваат меленото месо и јајцата, па добро се меша. Се додаваат издробениот леб и сирењето, сечканиот црвен кромид и пасираниот лук, магдоносот, пиперот и ориганото. Се посолува и забиберува, па добро се меша за да се добие воедначена смеса. Се остава да отстои во фрижидер најмалку 30 минути.

4. Од отстоената смеса со намрсени раце се обликуваат ќофтиња – бифтеки. Се пржат на врело масло од двете страни додека заруменат.

5. Бифтеките се послужуваат со пржен компир или со вариво по желба.

Извор: Добра храна

Ве носиме во Италија: Овие њоки во сос од домати ќе ги разбудат сите ваши сетила!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.