Совршен празничен ручек: Пригответе печено телешко со компир

Вкус што освојува!

Слободните денови се створени за уживање во добра храна

Има ли нешто поубаво од мирисот на добро крцкаво и сочно месо? Печеното телешко е едно од највкусните меса, па затоа сигурни сме дека ќе ви се допадне овој рецепт.

Потребни состојки:
  • 1 килограм телешки плешки
  • сол и бибер
  • 150 милилитри сончогледово масло
  • 200 грама компири
  • 3 главици кромид
  • 1 лажичка брашно
  • 1 децилитар телешка супа
  • 1 гранче рузмарин

Начин на подготовка:
  • Одвојте го месото од коските, развлечете го на штица и добро исчукајте го од внатрешната страна.
  • Посолете го, додајте бибер и завиткајте го во ролна.
  • Вака приготвеното месо спуштете го во загреано масло, пржете околу половина час и превртувајте го за да зарумени од сите страни.
  • Додајте ги излупените и измиени компири и кромидот исечкан на кругови кои претходно сте ги пропржиле на путер.
  • Посолете, ставете бибер и ставете го сето тоа во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, па печете додека месото не омекне.
  • Повремено полевајте го со сокот.
  • Пред да го послужите месото, додајте брашно изматено со супата, промешајте со голема лажица на дното од садот за да се ослободи запечениот сок, па вратете го јадењето во рерна уште десетина минути.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време