Солен деликатес: Месни топчиња со компир

Вкусно и сочно!

Овие месни топчиња се одлични за ручек

Познатите намирници комбинирајте ги на малку поинаков начин, за да приготвите вкусен деликатес за ручек, како што се овие месни топчиња со компир.

Состојки:
  • 400 г мелено телешко месо
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 тиквичка
  • 1 јајце
  • 4 лажици лебни трошки
  • 2 чешниња лук
  • 1 кг млад компир
  • пипер
  • масло
  • сол

За преливот:

  • 200 мл јогурт
  • 50 мл млеко
  • 2 јајца
Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се сечка ситно, тиквичката с елупи и се ренда крупно.

2. Во сад се мешаат меленото телешко месо, тиквичките, црвениот кромид и лукот, лебните трошки и јајцето. Се додаваат зачини по желба, па добро се меша. Од приготвената смеса со намрсени раце се обликуваат мали месни топчиња.

3. Компирот се лупи и се сече на потенки плочки.

4. Се намрсува огноотпорен сад, а дното се обложува со компировите плочки. Потоа покрај рабовите наизменично се ставаат компири и месни топчиња, а средината се исполнува со преостанатите компири. Се пече во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, околу 30 минути.

5. Посебно се матат јогуртот и млекото со јајцата. По 30 минути печење, јадењето се вади од рерната и се прелева со смесата од јајца. Се враќа во рерната и се продолжува со печење додека се стегне преливот и поруменат компирите.

Извор: Добра храна

Побарајте го најновиот број на магазинот „Добра храна“ – изобилува со интересни рецепти и вкусни јадења!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.