Уживајте во феноменалниот вкус на оваа сочна погача од бајат леб
Сочната погача од стар леб се приготвува неверојатно лесно и брзо, а уште побрзо исчезнува од трпезата поради феноменалниот вкус!
Состојки:
- парчиња бајат леб
- шунка
- кашкавал
- 3 јајца
- 1 чаша јогурт
- зачини по желба
Приготвување:
1. Наредете ги парчињата леб во тркалезен плех.
2. Помеѓу секое парче ставете парче кашкавал, шунка, па повторно кашкавал.
3. Изматете ги јогуртот и јајцата, па додајте зачини. Потоа, прелејте ја погачата.
4. Одозгора посипете рендан кашкавал.
5. Печете во рерна додека зарумени и послужете ја топла.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм