Штедлив рецепт на една мајка: 3 ручеци од килограм месо!

Корисен совет!

Иако ви звучи невозможно, просечната домаќинка знае да направи чуда од килограм месо

Мајките честопати се трудат да зготват ручек со минимален трошок. Тие знаат како да ги „развлечат“ производите за домашниот буџет да не се испразни, а домашните да бидат задоволни со јадењето.

Прочитајте ги овие рецепти со еден килограм месо, од кое ќе можете да направите три вкусни ручеци.

1. Рецепт за фаширани шницли

Земете килограм мелено месо и поделете го на две половини. Едната тргнете ја на страна, а во другата половина додајте едно јајце, ситно сечкан кромид, две чешниња лук, две парчиња леб (потопете ги во млеко, исцедете ги, па издробете ги во месото), сол и бибер.

Добро измешајте ја смесата, па направете топчиња. Готовите топчиња развлечете ги на кујнска фолија и направете шницли, па наредете ги на тацна и ставете ги во замрзнувач. По потреба, вадете ги замрзнати и пржете ги во тавче.

2. Рецепт за пита со месо

Поделете ја на два дела другата половина од месото. Во едниот дел додајте 2 главици кромид и 2 компира, па направете пита со месо. Испрскајте готови кори со кисела вода и масло, па додајте го направениот фил. Завиткајте го сето тоа убаво, ставете го во плех и печете на 200 степени околу половина час.

3. Рецепт за шпагети болоњезе

Остатокот од месото искористете го за шпагети болоњезе. Додајте кромид, моркови и доматен сос и имате готов ручек!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.