Шпикувано бутче со рен и со целер

Незаборавен вкус

За приготвување на овој врвен специјалитет ќе ви бидат потребни 20 минути. Се пече во рерна 2,5 часа! Добар апетит!

СОСТОЈКИ:

1 бут (1,5 кг)

1 целер

1 морков

3 гранчиња свеж рузмарин

2 чешниња лук

2 лажици сенф

2 лажици рендан рен

половина праз

2 дл крем

3-4 компири

сол

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Соединете ги сенфот и ренот.

Одделете ја кожата од бутчето, но не докрај, внимавајќи да не ја продупчите.

Посолете го бутчето по вкус, па подигнете ја кожата и премачкајте го одоздола со мешавина од сенф и рен.

Излупете ги целерот и морковот и исечете ги на стапчиња, а лукчето на ливчиња.

Со остар нож правете дупки во бутчето, во нив ставајте целер, морков и лук. Некаде помеѓу ставете ги и гранчињата рузмарин.

Ставете го бутчето во огноотпорен сад, излупете го компирот и исечете го на четвртини, па наредете го околу бутот.

Поклопете го садот и печете 2,5 часа во загреана рерна на 180 степени.

Нарендајте го остатокот од целерот, исечете го празот на крукчиња и помешајте со павлаката.

Послужете го бутчето со печен компир и со салата.

 

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.