Шпагети со печен лук: Едноставни, а превкусни тестенини!

Пробајте!

Совршен предлог за јадење

Состојки:
  • 2 главици лук
  • 6 лажици маслиново масло
  • 500 г тестенини
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче мелен црн бибер
  • 15 г свеж магдонос
  • 25 г пармезан
  • 1/4 лажиче чили пиперче
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, па отсечете го врвот од двете главици лук.
  • Секоја главица ставете ја во алуминиумска фолија и прелејте ги со лажица маслиново масло.
  • Завиткајте го лукот во фолија, така што исечканата страна ќе стои свртена ангоре.
  • Ставете го лукот на плех за печење и печете го еден час.
  • Кога лукот ќе биде печен, извадете го и едната главица грубо исечкајте ја со нож, а другата оставете ја цела.
  • Во големо тавче, на средно силна температура додајте ги преостанатите четири лажици маслиново масло, исечкан лук, чили пиперче, сол и бибер.
  • Пржете две до три минути.
  • Додајте ги сварените тестенини и другата главица лук, па добро исцедете.
  • Гответе уште пет минути, па исклучете го шпоретот и додајте магдонос и пармезан.
  • Добро промешајте и веднаш послужете.
Ова е најдобриот сос за шпагети: Се приготвува за 5 минути, а сите го обожаваат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.