Направете совршен ручек без многу мака!
Сите обожаваат шпагети, а овој вкусен ручек може да го приготвите за многу кратко време.
Состојки:
- 500 грама шпагети
- ¼ шолја маслиново масло
- сол и бибер
- 3 чешниња лук
- зачини (босилек, рузмарин, оригано)
- кромид
- конзерва пелати (400 грама)
- шолја исечкани пиперки
- шолја доматно пире
- 3 шолји вода
- свеж босилек
- 200 грама моцарела
Приготвување:
Отворете пакување шпагети и без никакво приготвување ставете ги во плех, прелејте ги со маслиново масло, посолете ги и зачинете ги со бибер.
Потоа, додајте ситно сечкан лук, мешавина од зачини и крупно сечкан кромид, па измешајте.
Потоа, додајте конзерва пелати, сечкани пиперки и доматно пире. Сето тоа прелејте го со вода. Ставете свеж босилек, измешајте и додајте моцарела.
Ставете ги во рерна и печете ги на 190 степени Целзиусови околу 45-55 минути.
Во продолжение погледнете го и видеото и пригответе го овој вкусен ручек уште денес!
https://www.instagram.com/p/BwAXCLSlwok/