Шницли по турски рецепт: Прсти да излижеш!

Пробајте ги и нема да зажалите!

Еден од најважните трикови за вкусни и сочни шницли е да не користите мешано мелено месо, туку само еден вид. Морате добро да ги зачините пред самата подготовка и да ги сервирате со салата.

Состојки:

1 кг мелено месо

1 лажица бибер

1 лажица чили

1 лажица црвен пипер

1 лажица ким

1 лажица коријандер

1 лажица исечкан лук

½ шолја магдонос

1 кромид

Приготвување:

Исецкајте го кромидот и ставете го во вода. Во мелено место, додадете ги зачините, лукот, магдоносот и добро промешајте. Исцедете го кромидот и додадете го во смесата со месото. Добро соединете, па со рацете почнете да оформувате топчиња и добро сплескајте ги. Пржете ги на претходното загреано масло. Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.