Сендвич со тиквички што го освои Интернетот: Лесен, вкусен и здрав оброк, совршен за вечера!

Пробајте!

Рецепт од кујната на marina_fidgym

Ако барате идеја за лесен, вкусен и здрав оброк – мора да го пробате овој сендвич!

Без леб и брашно, а вкусно е како најкремливиот ролован тост што некогаш сте го пробале. Брзо се приготвува, полн е со нутритивни состојки и совршен е за ручек или вечера – рецепт од кујната на marina_fidgym.

Состојки:
  • 1 тиквичка
  • рендан кашкавал
  • 1 варено јајце
  • грчки јогурт
  • сенф
  • зачини по избор
  • мисиркини гради
  • домат
Приготвување:

1. Исечкајте тиквичка на тенки ленти. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

2. Посипете рендан кашкавал и печете ги на 200 степени Целзиусови додека заруменат. Превртете ги кога ќе се оладат малку.

3. Пригответе мачканица од варено јајце, сенф, грчки јогурт и зачини по избор.

4. Премачкајте ги тиквичките со мачканицата и додајте мисиркини гради.

5. Ставете домат, завиткајте во ролат и уживајте!

Погледнете ги подеталните упатства во видеото во продолжение…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Gornjivska (@marina_fidgym)

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе