Ручек за паметење: Сочно пилешко на француски начин

Еден од најдобрите рецепти од француската кујна

ФОТО: @themodernproper

Ова јадење е идеално за големи семејни собири и одлично оди со чаша вино

Состојки:
  • цело пиле, исечено на парчиња

За маринадата

  • ½ литар црно вино
  • поголема главица кромид
  • 2-3 лаврови листа
  • 2-3 гранчиња свеж магдонос
  • 2 поголеми моркови
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица бибер во зрно

Додатоци:

  • 250 грама сланина
  • 250 грама шампињони
  • разматена коцка за супа во ½ литри вода
  • 100 милилитри коњак
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица брашно
Приготвување:

Во сад ставете ½ литри црно вино, ситно исечкајте кромид и морков на кругови, па додајте лажица бибер во зрно, лавров лист и магдонос. Во така приготвената маринада, маринирајте го пилето исечено на парчиња 24 часа.

Извадете го пилето од маринадата, исцедете го и извадете го и зеленчукот.

Во подлабоко тавче загрејте маслиново масло, испржете го пилешкото од сите страни и прелејте го со коњак. Извадете го пилешкото и во истото масло издинстајте го зеленчукот од маринадата околу 5 минути, па додајте лажица брашно и вратете го пилешкото.

Ситно исечкајте лук и наросете го на пилешкото, прелејте го со маринадата и разматената коцка за супа. Зачинете со сол и бибер и гответе го на тивок оган околу 60 минути.

Половина час пред крајот на готвењето, во длабоко тавче пропржете ги сланината и шампињоните. Додајте ги во пилешкото и загревајте го сето тоа уште 15 минути.

Послужете го со пире од компир и уживајте во традиционалниот рецепт од француската кујна.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.