Одлична идеја за брз и вкусен оброк со EVA туна салата Далматина
Никогаш не ни е доста од брзи и лесни оброци кои заситуваат. Доколку не сакате да поминувате време на шпорет во овие горештини, за денешниот ручек пригответе ги овие превкусни брускети со EVA туна салата Далматина.

Состојки:
- француски багет
- 50 г свежа краставица
- EVA туна салата Далматина
- 40 г фета-сирење
- 4 шери-домати
Приготвување:
1. Пресечете го багетот на пола по должина.
2. На секоја половинка распоредете по 25 г краставици, исечкани на ленти.
3. Врз краставиците ставете по половина од конзервата EVA туна салата Далматина, фета-сирење и половинки шери-домати.
4. Украсете со ливчиња свеж босилек и уживајте во хранливиот и освежителен оброк, богат со хранливи состојки.
Совет: Фета-сирењето можете да го замените со рикота или друго младо сирење.