РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Турскиот менемен е совршен оброк за сите зафатени жени – готов е за 30 минути

Пробајте

Турскиот менемен е уште повкусен кога се јаде директно од тавче, земајќи залачиња со лепче

Турската кујна е многу слична на нашата и со задоволство ја приготвуваме. Денес ви предлагаме еден брз рецепт за појадок или ручек…

Состојки:
  • 4 пиперки со различна боја
  • 1 лута пиперка
  • 2 главици кромид
  • 20 мл маслиново масло
  • 20 г путер
  • 3 поголеми домати
  • 3-4 јајца
  • малку шеќер
  • сол и бибер, по вкус
  • сечкан лист од магдонос
Приготвување:

Добро измијте ги пиперката и доматот. Исечкајте ја пиперката на ситни коцки, а лутата пиперка на крукчиња, така што ќе остане без семки. Излупете го доматот и исечкајте го на поситни коцки. Во подлабоко тавче ставете масло и путер да се загреат, додајте ситно исечкан кромид и пржете го додека стане стаклест. Додајте сечкана пиперка, посолете ја малку и поклопете ја да се динста додека биде половично мека.

Потоа, додајте домат, зашеќерете го малку, поклопете го и оставете да се крчка додека омекне доматот. Можете доматот да ги испасирате малку со пасирка за компир или да го изгмечите со виљушка додека добиете пире.

Во мекиот зеленчук скршете 3-4 јајца по рабовите на тавчето, забиберите и уште малку посолете, а потоа со дрвена виљушка внимателно мешајте ги јајцата за да се соединат со зеленчукот. Оставете го сето тоа уште неколку минути да се крчка. Топлиот менемен посипете го со ситно сечкан лист од магдонос.

Султански кебап: Турско јадење за кое сите ќе ви го бараат рецептот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.