РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Сочни пица-лазањи, јадење што се приготвува за неколку минути!

Вкусот е феноменален

Можете да искористите што и да имате во фрижидерот

Пригответе лазањи на малку поинаков начин, кои се еднакво добри како и оние по оригиналниот рецепт!

Состојки:
  • 500 г тестенини, листови за лазањи
  • 100 мл масло
  • 2 полни лажици брашно
  • 500 мл млеко
  • сол и бибер
  • 400 мл доматен сок
  • 200 г кечап
  • зачин за пица, мешавина од зачини или само оригано
  • 400 г шунка, сечена на листови
  • 300 г кашкавал за пица или некој кашкавал што убаво се топи
  • 200 г свежи шампињони
  • маслинки по желба
Приготвување:

Загрејте масло, па додајте брашно и пржете го додека пожолти. Сипете млеко, додајте сол и бибер, па мешајте додека се згусне. Густината треба да е како на јогурт или малку поретка. Во случај да не е, долејте само малку вода.

Вклучете ја рерната на 200 степени.

Помешајте доматен сок и кечап, па додајте мешавина зачини за пица.

На дното од тепсијата ставете малку од бешамел-сосот и наредете го тестото. На тестото нанесете мешавина од домати, наредете еден ред шунка, изрендајте малку кашкавал и додајте шампињони. Посипете со малку мешавина од зачини и одозгора сипете насекаде по малку од бешамел-сосот.

Редете така до крајот, додека се потрошат сите состојки.

За крај, горе треба да ви останат тестенините, па сипете уште малку од двата соса и малку кашкавал. Премачкајте ги и исечкајте неколку маслинки по желба. Посипете со зачини.

Покријте ги со алуминиумска фолија и ставете ги да се печат еден час. По еден час, извадете ја фолијата и потпечете ги уште малку.

Печените пица-лазањи оставете ги малку да отстојат и да се оладат.

Добар апетит!

Сте пробале лазањи со ајвар? Познатиот италијански специјалитет на македонски начин!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.