Ручек за денес: Познатиот унгарски пиперкаш по традиционален рецепт

Вкус на којшто нема да можете да му одолеете

Кој прави подобар пиперкаш од Унгарците?

Основата на добриот пиперкаш е пиперката, секако, но не која било, туку добрата мелена пиперка. Покрај тоа, освен квалитетот, важна е и количината – како и по некоја лажица свинска маст. Задолжително пригответе го по овој рецепт, бидејќи без многу мака, ќе добиете неодоливо вкусен ручек.

Состојки:
  • 2 лажици маст
  • 1,3 кг пилешко месо
  • 2 кромида
  • 2 чешниња лук
  • 2 домата
  • 1 пиперка (по желба)
  • 3-4 квалитетна слатка мелена пиперка
  • 2 шолји бујон или вода
  • сол
  • бибер
  • 2-3 лажици брашно
  • 3/4 шолја помасна павлака
Приготвување:

Загрејте ја маста во лонец, па додајте го пилешкото и кога убаво ќе се потпече, префрлете го во чинија. Во лонецот додајте сечкан кромид, па пржете го додека стане стаклест. Додајте и сечкан лук и по желба сечкана пиперка и домат. По 5 минути, тргнете го лонецот од рингла, па додајте мелена пиперка, сол и бибер.

Вратете го пилешкото во лонецот и сипете вода или бујон, така што ќе го покријат месото. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата, поклопете го лонецот и варете околу еден час. Во киселата павлака додајте брашно, па добро промешајте. Сипете малку од сосот, промешајте, па сипете го целиот во пиперкашот. Мешајте неколку минути додека се згусне. Зачинете по вкус, па послужете го со тестенини.

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Турскиот менемен е совршен оброк за сите зафатени жени – готов е за 30 минути
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.