Ручек за денес: Највкусниот компир од рерна со крцкава сланина – оброк што се лепи за непцата!

Одличен рецепт

Доколку обожавате јадења од рерна, испробајте го овој едноставен, а превкусен специјалитет

Состојки:
  • 1,5 кг исчистен компир
  • 2-3 главици кромид
  • 250-300 г сланина
  • 1 крем-супа од печурки
  • 100 мл топла вода
  • 600 мл млеко
  • 100 г путер или маргарин
Приготвување:

Исчистете го компирот и исечкајте го на тенки кругови. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете тепсија во загреаната рерна. Кога ќе се загрее и тепсијата, ставете во неа неколку коцки путер, а потоа и компирот. Одозгора ставете уште путер, па сето тоа ставете го во рерна да се потпече компирот.

Кога компирот убаво ќе се испече, извадете го од рерна. Преку него ставете кромид исечкан на резанки и сланина. Во поголема чинија изматете вода, супа од печурки и зачини. Прелејте ја врз компирите и сланината. Вратете ги во рерна и печете ги додека убаво се искрчкаат. Добар апетит!

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Мусака од компири и тиквички – сочно јадење без месо
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.