Ручек за денес: Кесадиљи со пилешко месо и кашкавал – мексикански специјалитет што се прави за миг!

Неодоливо!

Испробајте нешто ново, ќе уживате во секое залаче!

Ниту една мексиканска трпеза не може да се замисли без кесадиљи. Сите состојки веројатно ги имате дома, а со овој рецепт, за само неколку минути ќе имате превкусен оброк на маса.

Најважно е да ги јадете веднаш, додека се топли и крцкави!

Состојки:
  • 4 тортилји
  • 1 пилешко филе
  • 300 г кашкавал
  • 2 лажици маслиново масло
  • црвен пипер
  • сол, бибер
Приготвување:

Пилешкото филе се сече на ленти, се зачинува, па се пропржува на маслиново масло од сите страни за да добие румена коричка. Во чисто тавче се става тортилја, преку неа се посипува дел од ренданиот кашкавал, се става малку месо, одозгора повторно кашкавал, па се преклопува со другата тортилја.

Се пече околу 5 минути за да се потпече долната тортилја убаво и да се растопи кашкавалот, па внимателно се превртува и се потпекува од другата страна. Постапката се повторува и со преостанатиот материјал.

Тортилјите се сечат на 4 дела и се јадат додека се топли. По желба, може да се додаде кечап или мајонез како прилог.

Тортилји од 4 состојки: Меко тесто готово за неколку минути!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.