Ручек за 15 минути: Совршени тестенини со мирис на лимон и босилек за кои ќе извалкате само едно тенџере!
Летен ручек
Не ви треба многу време за да приготвите вкусни тестенини
Состојки:
- 225 г сушени тестенини
- 500 мл пилешки бујон
- 4 чешниња лук
- 30 г путер
- 20 г рендан пармезан
- 1 лимон
- неколку ливчиња свеж босилек
- сол и бибер по желба
Приготвување:
1. Во поголем лонец стопете го путерот и на него кратко пропржете ситно исечкан лук. Додајте сол и бибер по желба.
2. Во лонецот сипете го пилешкиот бујон. Исцедете сок од еден лимон и додајте изрендана кора.
3. Ставете ги тестенините, сето тоа добро промешајте го, поклопете и оставете ги да се готват на умерена температура околу 10 минути.
4. На крајот од готвењето, додајте рендан пармезан и неколку ливчиња босилек. Добар апетит!