Рецепти на Џејми Оливер за ќебапи и ајвар: Вака славниот готвач приготвува македонски специјалитети!

Интересен рецепт

Пригответе го омиленото македонско јадење по рецепт на познатиот експерт за храна

Инспириран од балканската кујна, Џејми Оливер одлучил да креира едноставен рецепт користејќи ги двете омилени македонски јадења: ќебапи и ајвар. Пробајте ги овие деликатеси на негов начин…

Состојки:
  • 750 г мелено говедско месо
  • 400 г мелено свинско месо
  • 1 главица кромид, плус 4 чешниња лук
  • 2 кафени лажички сода бикарбона
  • 1 кафено лажиче црвен пипер
  • 1 јајце
  • 150 мл кисела вода
  • маслиново масло
  • 6 црвени пиперки
  • 2 домата
  • магдонос
  • 2 лимона
  • екстра девствено маслиново масло
  • 1 кромид
  • 6 тортили
  • луто пиперче (по избор)
  • кисела павлака
Приготвување:

Излупете ги и здробете ги четирите чешниња лук и ставете ги во голема чинија. Додајте го целото мелено месо и помешајте. Додајте малку сода бикарбона и црвен пипер и зачинете по вкус.

Додајте јајце и со раце измешајте ја смесата. Ставете кисела вода колку што е потребно за смесата да стане хомогена.

Поделете го месото во 10 до 12 делови во форма на ќебапи, околу 10 сантиметри долги и 2 сантиметри широки. Ставете ги во намрсена тепсија, покријте ги со пластична фолија и ставете ги во фрижидер.

За ајварот, загрејте ја рерната на 230 степени Целзиусови. Во друга тепсија, ставете цели пиперки, домати и неизлупен кромид и печете ги во рерна 30 до 40 минути, сѐ додека кората на зеленчукот не зацрни малку.

Кога пиперките и доматите ќе се потпечат, ставете ги во чинија, покријте ги со пластична фолија и оставете ги околу 20 минути. Кога ќе се оладат малку, излупете им ги лушпите и отстранете ги стебленцата, па исечкајте го зеленчукот.

Исцедете 6 препечени чешниња лук и додајте ја течноста од зеленчукот. Додајте и магдонос, а потоа сето тоа исечкајте го заедно. Откако ќе го исечкате зеленчукот, зачинете го со малку сол и бибер, исцедете 1 лимон и додајте повеќе масло. Оставете го садот на страна.

Потоа, ситно исечкајте го преостанатиот магдонос и сипете го врз чинија. Излупете и ситно исечкајте кромид, па ставете го во чинијата и потоа во неа исцедете го и другиот лимон. Промешајте го сето тоа и тргнете го садот на страна.

 

Непосредно пред да го послужите јадењето, подгрејте тортили и ставете тавче на оган. Кога тавчето ќе се загрее, пржете ги ќебапите околу 10-12 минути додека бидат готови.

За сервирање, премачкајте ги тортилите со ајварот, ставете на нив неколку ќебапи и по едно луто пиперче. Од страна ставете по една лажица павлака и преостанатите кругови кромид како декорација.

Надалеку познато гурманско доживување: Еве како се приготвуваат познатите сараевски ќебапи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.