Рецепт за најсочниот ручек за 4 лица во едно тавче: Толку ќе ви се допадне што ќе го приготвувате секој ден!

Пробајте го овој вкусен ручек

Њоките со пилешко во тавче се највкусниот ручек – гарантираме

Пригответе њоки во кои ќе ужива целото семејство!

Состојки:
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • 1 рендан морков
  • 1 поголем врзоп блитва
  • 500 г пилешко бело месо, сечкано на коцки
  • 200 мл доматен сок
  • 200 мл вода
  • 500 г њоки
  • 100 г моцарела
  • врзоп магдонос
  • малку свеж босилек
Приготвување:

1. Во едно тавче, на малку маст или масло, продинстајте кромид и морков.

2. Потоа, додајте го месото и блитвата или спанаќот, па динстајте уште малку.

3. Додајте доматен сок и вода и оставете да проврие.

4. Додајте ги њоките и оставете сето тоа да се зготви – повремено мешајте!

5. Додајте магдонос, босилек, сол и бибер.

6. На самиот крај, додајте моцарела, промешајте и послужете го топло.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе