Рецепт од нашите баби за највкусната и најбрзата вечера: Едноставно и топло јадење што ќе ве врати во детството

Совршена вечера за целото семејство

Уживајте во топлината на домашната попара – едноставно јадење што се приготвува за само 5 минути

Попарата е едно од оние јадења кое докажува дека и од наједноставните состојки може да се приготви неверојатно вкусен и заситувачки оброк. Таа настанала од потребата да се искористи стариот леб, а со текот на времето станала симбол на топлината на домот и скромната, но богата традиција.

Низ генерациите се приготвувала како брз појадок или лесна вечера, а нејзиниот препознатлив, кремлив вкус многумина ги враќа во детството и ги потсетува на кујната на нашите баби.

Состојки:
  • 300-400 г стар леб (исечкан или искинат)
  • 400-600 мл вода или мешавина од вода и млеко
  • 100-200 г полномасно сирење (фета или младо сирење)
  • 1-2 лажици маснотија (масло, путер, маргарин или кајмак)
  • прстофат сол (по потреба)
Приготвување:

1. Во тенџере сипете вода (или вода и млеко) и ставете да зоврие.

2. Додајте маснотија и по желба, малку сол.

3. Ставете го исечканиот или скинатиот стар леб.

4. Гответе на средна температура со непрекинато мешање 2-3 минути, додека лебот омекне и впие течност.

5. Додајте ги сирењето и кајмакот, па добро промешајте додека добиете кремлива смеса.

6. Тргнете од оган и послужете топло.

Совет:

Односот меѓу лебот и течности е клучен:

  • помалку течности – погуста попара
  • повеќе течности – поретка и покремлива
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе