Рецепт на денот: Тестенини во песто сос

Шпагети во песто сос на италијански начин

Идеално јадење за романтична вечера за двајца во комбинација со чаша бело вино

Потребни состојки:
  • 250 грама тестенини
  • лажица маслиново масло
  • чешне лук
  • 500 грама спанаќ
  • 200 грама свежи ливчиња од босилек
  • 60 грама пармезан
  • 250 грама исечкана црвена пиперка
  • лажичка црн бибер
Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините, исцедете ги и ставете ги во поголем сад. Во блендер ставете маслиново масло, лук, спанаќ, босилек, пармезан и малку вода. Сето тоа заедно измешајте го додека не добиете хомогена смеса. Загрејте го сосот на тивок оган со неколку капки масло, а потоа прелијте го врз тестенините. Додајте ситно сечкана црвена пиперка и добро измешајте. Послужете ги тестенините со чаша бело вино.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време