Одлично ќе ви дојдат овие шкампи со мед по тешката празнична храна
Потребни состојки:
- Исчистени шкампи
- сечкан ѓумбир
- лук во прав
- мед
- сос соја
- кокосово масло
- малку вода
Приготвување:
Во тавче ставете малку кокосово масло, загрејте го, па додајте исчистени шкампи и динстајте ги. Кога опашките ќе им станат румени, направете место на средина во тавчето.
Во средината, кратко продинстајте сечкан кромид, додајте ѓумбир и промешајте. Наросете со лук и динстајте цела минута со постојано мешање.
Измешајте сос соја и мед и прелијте ги врз кромидот, а потоа измешајте ја целата смеса во тавчето.
Додајте малку вода, добро промешајте и оставете ги шкампите се крчкаат уште пет минути.
Готовото јадење може да го послужите со ориз.