Рецепт на денот: Рижото со морски ракчиња

Рецепт за лесен ручек

Ова рижото особено ќе им се допадне на љубителите на морските плодови

Потребни состојки:
  • 1 лажица растително масло
  • 2 чешниња лук
  • шери домати
  • 450 грама исчистени морски ракчиња
  • 150 грама сварен ориз
  • 70 грама грашок
  • 70 грама пченка
  • 2 лажици соја сос
  • 1 изматено јајце
Приготвување:

Загрејте масло, додајте ситно исечкан лук и пржете го кратко. Додајте шери домат, исечкан на четвртини и пржете го околу 3 минути. Потоа, додајте ги ракчињата и динстајте околу 4 минути. Додајте ориз, пченка и грашок и сето тоа заедно динстајте го уште малку. Потоа, додајте јајце, добро измешајте и динстајте уште 3 минути.

Послужете го јадењето додека е топло и уживајте.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.