Рецепт на денот: Невообичаена лазања со тиква, блитва и сирење

Нискокалоричен ручек со три вида сирење ќе ги освои дури и оние кои не можат да замислат оброк без месо.

Состојки:

  • 400 гр пире од тиква
  • 350 гр ситно несолено сирење
  • 300 гр бланширана блитва (ситно исечкана)
  • чаша млеко
  • 200 гр моцарела
  • 50 гр пармезан
  • 10 листови тестенини за лазања (суви)
  • сол, бибер
  • морско оревче во прав
  • магдонос

Подготовка:

Прво, направете пире од тиква (печена или варена, потоа измешана) и сварете ја блитвата, а потоа ситно исецкајте ја.

Во подлабок сад измешајте ја тиквата и половина од несоленото сирење, млекото, ситно исечканите лисја од магдонос и зачини. Во друг сад измешајте ја блитвата со преостанатото сирење, половина моцарела и малку пармезан и зачинете со морско оревче.

Премачкајте го дното на огноотпорниот сад со малку путер. Ставете неколку лажици фил од тиква и сирење на дното, а потоа покријте со три листови тестенини за лазања. Потоа, намачкајте пире од тиква и сирење, три листови тестенини и така натаму додека не останете без материјал (проверете дали последниот слој е пире од тиква и сирење). На крајот, посипете со преостанатата моцарела и пармезан.

Покријте ја тавата со фолија и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Кон крајот на печењето отстранете ја фолијата и оставете го тестото да добие златно-жолта кора.

Испробајте и: Потпечени пилешки батаци со павлака: Превкусен ручек готов за миг!

 

ФОТО: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.