Рецепт на денот: Јунешко на азиски начин

Ќе го обожавате ова јадење

Ако сте љубители на необичната, пикантна азиска кујна, сигурно ќе ви се допадне рецептот за ова јунешко на азиски начин

Потребни состојки:
  • 150 грама пиперка
  • 150 грама моркови
  • 1 праз
  • ½ лажичка шеќер
  • 1 чаша вода
  • малку ѓумбир
  • масло
  • прстофат сол и бибер
  • 100 грама грашок (сварен)
  • 350 грама јунешко
  • сос соја
Приготвување:

Исечкајте го јунешкото на тенки стапчиња и пропржете ги на малку масло. Кога месото ќе биде речиси испржено, додајте исечкан кромид, пиперка и моркови исечкани на ленти, па пропржете уште неколку минути.

Измешајте сос соја, шеќер и малку вода, а потоа изрендајте малку ѓумбир во сосот.

Прелијте го сосот врз месото и зеленчукот и оставете го да се крчка уште една минута.

Додајте сол и бибер по желба и малку сварен грашок/

Послужете го јунешкото со ориз и уживајте во вистинскиот азиски вкус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.