Рапсодија од вкусови: Месо во наметка од компир

Ќе ве воодушеви!

Вака приготвеното месо ќе ве остави без зборови

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 500 г мелено телешко месо
  • 2 лажици доматно пире
  • 80 г млад спанаќ
  • 300 г кашкавал
  • 200 мл маринада
  • црн пипер
  • сол
  • масло

За смесата од компири

  • 8 големи компири
  • 1 крупно јајце
  • 1/2 лажица лук во прав
  • 50 г рендан пармезан
Приготвување:

1. Најпрво пригответе го филот од месо. Исчистете го кромидот и исечете го на коцки, па испасирајте го лукот. На малку масло пропржете ги кромидот и лукот, а потоа додајте ги меленото месо, доматното пире и зачини по желба. Сипете малку вода и динстајте додека изврие течноста. На крајот ставете го спанаќот.

2. Излупете го компирот и изрендајте го крупно. Посолете го и почекајте неколку минути да пушти сок, а потоа добро исцедете го. Помешајте го со јајцето, пармезанот и лукот во прав, па зачинете по желба.

3. Обложете овален сад со проѕирна фолија, па дното и страните прекријте ги со смеса од компири. Преку компирите распоредете малку рендан кашкавал и фил од месо, па со помош на фолијата соберете ги рабовите од смесата од компири кон средината. На истиот начин обликувајте уште три топки и оставете ги во фрижидер да мируваат 30 минути.

4. Обложете го плехот со хартија за печење и попрскајте го со масло, па наредете ги во него полнетите топки од компири со завршетоците свртени надолу. Печете ги во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, додека поруменат.

5. Прелејте ги печените топки со маринадата и посипете ги со кашкавал.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.