Уживајте во овој неповторлив ручек!
Состојки:
- 0,5 килограм печурки
- 30 грама путер
- 0,25 децилитри бело вино
- 0,5 децилитри пилешка супа
- лажичка сув мајоран
- половина лажичка ситно сечкан кромид
- лажица сечкан власец
Приготвување:
Добро измијте ги печурките, исчистете ги и наредете ги во огноотпорен сад. Измешајте ги виното и супата, додајте мајоран и кромид, па посолете, зачинете со бибер и сипете го сосот врз печурките. Печете ги печурките поклопени половина час на 220 степени. Послужете ги со кнедли од стар леб.