Проверено совршенство од вкусови: Овие 3 трикови гарантираат најдобри лазањи на светот!

Фантастично јадење од тестенини

Ви откриваме одлични трикови што ќе ви го олеснат приготвувањето на лазањи, а вкусот ќе го направат подобар од кога било претходно

За сосот доволен е врзоп зеленчук

Месниот сос за лазањи се приготвува од едноставен, сезонски, коренест зеленчук што може да го најдете во врзоп на пазар. Може да одберете врзоп од зеленчук, целер и магдонос.

Исто така, важно е ситно да го исечкате зеленчукот за навреме да се свари и да омекне. На тој начин лесно ќе го приготвите остатокот од сосот.

Домашни листови за лазањи

Кога сте веќе на пазар и купувате зеленчук, таму можете да најдете и домашни свежи листови за лазањи. Свежото тесто поубаво се спојува со останатите состојки, па не е потребно да го варите пред да ги редите лазањите, како што е случајот со сушените, купечки листови за лазањи. Тестото, секако, можете да го приготвите и сами.

Бешамел

Немојте да го прескокнете бешамелот, ниту да го менувате со други бели сосови. Едноставен е за приготвување, ако се приготви внимателно, а на јадењето му дава прекрасно богатство од вкусови и кремаста текстура. Мускатното оревче е клучната состојка за добар бешамел, па добро зачинете го овој густ, кремаст сос.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.