Протеински ручек: Пилешки мафини со јајца и зеленчук

Испробајте!

Пилешки мафини со јајца и зеленчук се одличен избор за оние кои се обидуваат да ја збогатат својата исхрана со протеини.

Состојки:

  • 2 лажици путер
  • 3 лажици сос од домати
  • 1/2 лажичка мелена црвена пиперка
  • 1 црвена пиперка исечена на коцки
  • 2 чаши сецкан спанаќ
  • 200 гр варено пилешко исечено на коцки (најдобро е да се користи бело месо)
  • 8 јајца
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка бибер
  • 150 гр рендано сирење по ваш избор

Подготовка:

Загрејте ја рерната. Премачкајте калап за мафини или користете хартиени корпи за еднократна употреба.

Гответе ги пиперките и кромидот во путерот (на умерена температура) додека не омекнат (околу 5 минути). Додадете сос од домати и доведете до вриење. Исклучете ја топлината, а потоа додадете го спанаќот и претходно вареното пилешко. Промешајте така што смесата е рамномерна, а потоа распределете ја рамномерно во калапот за мафини.

Во друга чинија изматете ги јајцата со сол, бибер и мелена пиперка, па со таа смеса прелијте ги зеленчукот и месото. Печете на умерена температура околу дваесет минути, а на самиот крај додајте го сирењето.

Кога јајцата се зготвени и чепкалка за заби вметната во средината на мафините е чиста, јадењето е подготвено.

Чекајте тавата да се олади, а потоа извадете ги мафините и уживајте во нивниот вкус.

Предлог за десерт: Мини-чизкејк со капини и јагоди

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.