Ручек што ќе го обожавате
Состојки:
- 2 јајца
- 200 мл јогурт
- 150-200 г пченкарно брашно
- 100 г бело брашно
- 50 мл масло
- 10 г квасец
- 1/2 прашок за печиво
- 1 врзоп млад кромид
- 200-250 г мелено месо
- сол и бибер
Приготвување:
Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, додајте месо и продинстајте малку. Додајте сол и бибер. Изматете јајца со миксер, па додајте пченкарно и бело брашно помешано со прашок за печиво. Додајте јогурт, половина од сирењето и мелено месо. Тргнете и малку месо настрана. Измешајте го сето тоа.
Сипете ја смесата во подмачкан плех со димензии 30х20 см. Одозгора издробете го остатокот од сирењето и распоредете го остатокот од месото. Печете на 220 степени Целзиусови околу 45-50 минути.